- Учете опуштено, со ваше темпо, но во континуитет.
- При учењето фокусирајте се на повеќе начини: слушање, гледање, изговор, читање, пишување, прибележување. Прегледајте ги презентациите и вежбите онолку пати колку што ви е потребно за да ги разберете целосно и точно. Доколку нешто не ви е јасно во текот на учењето, контактирајте го вашиот професор.
- Вежбајте го наученото преку дополнителните вежби и при конверзација на Go!Classes.
- Обидете се и самите да го презентирате наученото на некој ваш роднина или пријател. Употребете ги своите белешки и објаснете се што знаете со свои зборови.
- Бидете проактивни и користете интернет за пронаоѓање едукативни материјали на англиски јазик, било да се за читање, слушање, интерактивни игри или граматички вежби.
www.englishmak.com