Добродојдовте!

Информирајте се и пишувајте за ваши размисли, идеи, прашања и недоумици за можноста од неформално образование преку интернет. Што поскоро ја согледаме и прифатиме таа можност, толку побрзо ќе се вклучиме во светските промени на полето на едукацијата! SHIFT happens! www.englishmak.com

понеделник, 7 септември 2009 г.

Како до ефективно учење со Go!EnglishMak

Ефективно научено градиво е она што сте го разбрале и запомниле точно, на кое се присетувате подоцна и кое го применувате во низа ситуации во секојдневието.
  • Учете опуштено, со ваше темпо, но во континуитет.
  • При учењето фокусирајте се на повеќе начини: слушање, гледање, изговор, читање, пишување, прибележување. Прегледајте ги презентациите и вежбите онолку пати колку што ви е потребно за да ги разберете целосно и точно. Доколку нешто не ви е јасно во текот на учењето, контактирајте го вашиот професор.
  • Вежбајте го наученото преку дополнителните вежби и при конверзација на Go!Classes.
  • Обидете се и самите да го презентирате наученото на некој ваш роднина или пријател. Употребете ги своите белешки и објаснете се што знаете со свои зборови.
  • Бидете проактивни и користете интернет за пронаоѓање едукативни материјали на англиски јазик, било да се за читање, слушање, интерактивни игри или граматички вежби.
Индивидуалниот пристап на Go!EnglishMak обуката ви овозможува да го дадете својот максимум во време, на место и начин што вас ви одговараат, со што имате целосна контрола врз процесот на учење. Преку современите британски програми го поттикнуваме вашиот интерес и критичко размислување за нивна активна примена како писмено, така и усно. Со сето тоа учењето на англискиот јазик ќе го доживеете непосредно и индивидуално, флексибилно и прилагодено на вас самите, без пресија од страв или срам од незнаење.
www.englishmak.com

Нема коментари:

Објави коментар