Во изминатата декада праксата во технолошки развиените земји покажа дека бројот на луѓето што го користат интернетот за едукативни цели е се поголем. Динамичниот животен стил и кариеризмот наметнуваат потреба од штедење време, но и трошоци за патување (особено ако живеете во пооддалечено место).
Сепак, најголемата предност на учењето преку интернет е во индивидуалниот приод и во флексибилноста што ја нуди. За разлика од класичната настава во клас (група), интернет учењето е насочено кон темпото и стилот на учење на поединецот и го поттикнува неговото активно учество и искрен интерес при совладување на градивото. На тој начин во процесот на учење еднакво се поттикнуваат и посрамежливите, како и послабите ученици.
На крајот, прашањето на кое треба самите да одговорите е: Колку навистина сериозно и темелно го сфаќате онлајн учењето?
Нема коментари:
Објави коментар