Добродојдовте!

Информирајте се и пишувајте за ваши размисли, идеи, прашања и недоумици за можноста од неформално образование преку интернет. Што поскоро ја согледаме и прифатиме таа можност, толку побрзо ќе се вклучиме во светските промени на полето на едукацијата! SHIFT happens! www.englishmak.com

четврток, 21 јануари 2010

Предности за најмалите

Курсот за основци го препорачуваме од најрана возраст поради следните предности: * Се развива самостојност и независност во текот на учењето * Се развива искрен интерес и одговорност кон учењето, без срам или страв од другите * Се создава сопствен, индивидуален стил на учење во комфорот на својот дом * Се поттикнува проактивно наместо пасивно учење, бидејќи фокусот е врз ученикот а не врз група со повеќе ученици * Се напредува според сопствено темпо, што е еднакво добро и за посрамежливите, како и за понапредните ученици * Се овозможува (а со најмалите и се препорачува) родителско учество и надзор со цел родителот да е во тек со напредокот на ученикот, како и да помине квалитетно време заедно со своето дете.
www.englishmak.com

Нема коментари:

Објави коментар