Добродојдовте!

Информирајте се и пишувајте за ваши размисли, идеи, прашања и недоумици за можноста од неформално образование преку интернет. Што поскоро ја согледаме и прифатиме таа можност, толку побрзо ќе се вклучиме во светските промени на полето на едукацијата! SHIFT happens! www.englishmak.com

понеделник, 6 декември 2010 г.

LET'S TALK ENGLISH

Организираме специјализирана индивидуална онлајн настава според вашите потреби:
  • Конверзација за општа употреба на англискиот јазик 
  • Конверзација за деловна употреба на англискиот јазик
  • Граматички правила (теорија и вежби)
  • Подготовка за пишување писма, состави и есеи
  • Подготовка за интервју (при аплицирање за работа во странство)                                                                                                                   Контактирај

понеделник, 11 октомври 2010 г.

Индивидуални подготвителни часови Teacher@Hand

  • Имате нејаснотии во врска со материјалот од вашиот степен?
  • Сакате да се подготвите за тестот што следува?
  • Ве мачат граматичките правила?
   
ЗАКАЖЕТЕ ONLINE ЧАС СО ВАШИОТ ПРОФЕСОР И РЕШЕТЕ ГИ СИТЕ ДИЛЕМИ!
 
Teacher@Hand важи за сите активни корисници на Општ и Деловен англиски јазик.

вторник, 16 март 2010 г.

E-LEARNING

Во изминатата декада праксата во технолошки развиените земји покажа дека бројот на луѓето што го користат интернетот за едукативни цели е се поголем. Динамичниот животен стил и кариеризмот наметнуваат потреба од штедење време, но и трошоци за патување (особено ако живеете во пооддалечено место). Сепак, најголемата предност на учењето преку интернет е во индивидуалниот приод и во флексибилноста што ја нуди. За разлика од класичната настава во клас (група), интернет учењето е насочено кон темпото и стилот на учење на поединецот и го поттикнува неговото активно учество и искрен интерес при совладување на градивото. На тој начин во процесот на учење еднакво се поттикнуваат и посрамежливите, како и послабите ученици. На крајот, прашањето на кое треба самите да одговорите е: Колку навистина сериозно и темелно го сфаќате онлајн учењето?

четврток, 21 јануари 2010 г.

Предности за најмалите

Курсот за основци го препорачуваме од најрана возраст поради следните предности: * Се развива самостојност и независност во текот на учењето * Се развива искрен интерес и одговорност кон учењето, без срам или страв од другите * Се создава сопствен, индивидуален стил на учење во комфорот на својот дом * Се поттикнува проактивно наместо пасивно учење, бидејќи фокусот е врз ученикот а не врз група со повеќе ученици * Се напредува според сопствено темпо, што е еднакво добро и за посрамежливите, како и за понапредните ученици * Се овозможува (а со најмалите и се препорачува) родителско учество и надзор со цел родителот да е во тек со напредокот на ученикот, како и да помине квалитетно време заедно со своето дете.
www.englishmak.com